Карате – Црн појас 4ти дан

Светски карате судија

Европски карате судија

JKD, Крав Мага и Кик Бокс Инструктор

БЏЏ – Син појас

Раде Стефановски – Основач и главен инструктор на Центарот за боречки вештини БУДО во Велес, основан 2005 година. Овој модерен спортски центар за боречки вештини и фитнес има 1100m2, и ги нуди следните програми: Карате, БЏЏ, ЈКД, Кикбокс, Бокс, Кросфит, Тае Бо, Insanity, Пилатес, Аеробик и Фитнес.

Завршил средно полициско училиште и дипломски студии по криминологија на Универзитетот Св. Климент Охридски, Факултет за безбедност во Скопје, и дипломски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за физичко образование, спорт и здравје. Работел во Специјална Единица на МВР.

Работи како раководно лице во МВР Велес, Република Македонија.

Започна да тренира карате во 1988 година и натпреварувачката кариера ја започна во 1991 година, шест години беше македонски репрезентативец каратист и се натпреваруваше во кати и кумите. Покрај карате од 1995 година започнал да тренира и: бокс, џудо, борење и кик бокс. Во моментов има црн појас од 4-ти степен во карате, црн појас во џудо и кикбокс, син појас во бразилска џиу-џица. Раде е и сертифициран инструктор за Jeet Kune Do и инструктор за Krav Maga.

Тој е судија во Светската карате федерација (WKF-единствената меѓународна карате организација признаена од Меѓународниот олимписки комитет) исто така е судија на Европската карате федерација, која е највисоката карате лиценца во Европа за судење кати и кумити.

 

 

 

Мартина Настова е тренер по кик бокс-деца

  • црн појас карате
  • кафен појас кик бокс

Славче Тренковски БЏЏ\Бразилиан Џиу Џитсу

  • виолетов бџџ
  • џкд инструктор
  • кафен појас кик бокс

Мими Гркова

Инструктор по Пилатес

Боби Триманов БЏЏ

  • плав појас бџџ
  • плав појас кик бокс

Емилија Србова инструктор по фитнес

  • приватни часови фитнес
  • персонален тренер по фитнес

Драган Милосковски ги води кик бокс, инсенити, крос фит

  • инструктор фитнес
  • карате црн појас
  • кик бокс црн појас
  • инструктор џит кун ду
  • крос фит инструктор

Тони Коцев фитнес инструктор

  • црн појас карате
  • џид кун ду инструктор
 
 

Зоран Пајтонџиев

  • Карате инструктор
  • Црн појас 5-ти дан 

 

 

 

Горан Бошковски 

  • Карате инструктор
  • Црн појас 4-ти дан